ЗА НАС

Што е Тим 1?

Добредојдовте во училиштето за тактичко стрелање Tим 1, каде што искусни професионалци ги пренесуваат своите знаења и вештини. Нашето стрелиште ви обезбедува безбедна средина за да ги подобрите вашите вештини и техники за стрелање.

Нашата Визија

Црпејќи инспирација од обуката на елитните специјални сили, ние се фокусираме на вежби засновани на сценарија кои ќе развијат мускулна меморија, свесност за ситуацијата и способност за донесување одлуки во дел од секундата. Ова ни овозможува оптимални резултати .

Нашата Цел

Да ги научиме поединците како одговорно да размислуваат и ракуваат со огненото оружје, како да ги развијат потребните вештини за самоодбрана и лична заштита, во ситуации кога нивните животи или животите на другите се загрозени, и со тоа да го намалиме ризикот од несреќи и злоупотреба.

Нашата Мисија

Нашата мисија е да ги приспособиме и техниките докажани во битка, за воените, полициските и цивилните сили. Наша мисија е да ги приближиме техниките за ракување со оружје и приспособиме веќе докажаните воени тактики на цивилното население и припадниците на безбедносните сили.

Што добивате со обуките со Тим1 ?

Станете дел од Тим1 !

Ние ќе ве поттикнеме да ги надминете предизвиците и да напредувате во вашата област. Обуките наведени во овој дел се само дел од понудите, ако не го гледате она што го барате, само прашајте.

Сите обуки од Тим 1 се базирани на основните принципи, цврсти основни принципи, преточени во мускулна меморија ви даваат моќност повеќе да се фокусирате на мисијата / проблемот.

Прецизност

Брзина

Концетрација

кондиција

Фокус

Претпазливост

НАШИТЕ ИНСТРУКТОРИ

Нашите инструктори се ветерани од специјалните единици на македонската полиција, со повеќе од 18 години работно искуство во Специјалната антитерористичка единица (САЕ) како оператори, а подоцна и во Ирак, каде работат за приватни безбедносни компании како лично обезбедување.

Петре м.

Трајче С.